Светот се подобрува и луѓето живеат се подобро, коментира на страница на Twitter основачот на Microsoft, Бил Гејтс, кој во последните години се посвети на иницијативите околу семејната фондација „Бил и Мелинда Гејтс“.

„Луѓето живеат подолго, поздраво од било кога“, вели Бил Гејтс во Twitter и освен инфографик со зголемениот животен век од 30 до над 70 години во периодот 1770-2015 година, посочува уште три знаци дека светот се подобрува:
Факт 1: Од 1960 година детските смртни случаи се намалиле од 20 милиони годишно на 6 милиони годишно.
Факт 2: Од 1960 година нивото на фертилност (просечниот број деца на една жена, според истражувањето) е намалено за половина.
Факт 3: 137.000 луѓе излегуваат од сиромаштија секој ден во периодот меѓу 1990 и 2015 година.
Твитот на Бил Гејтс е позитивно поздравен од неговите следбеници на социјалната мрежа.
„Благодарение на работата на вас и вашите пријатели, светот станува подобар на секој можен начин. За жал, тоа никогаш не го добива медиумското внимание, кое го заслужува“, вели корисник.
„Господине, светот станува се подобар, поради хуманитарни луѓе како тебе кои работат неуморно за подобрување на животите на милиони сиромашни луѓе на Земјата. Вие сте инспирација за многу од нас да создадеме подобар свет утре!“, е друга оценка за работата на Бил Гејтс.
„Глобалната посветеност и финансирање за одржлива иднина одиграа важна улога“, се вели во друг коментар.
„Човекот ќе продолжи да живее посреќно, поздраво, подолго, ако ги охрабруваме врските на срцето и љубовта, наместо да се обидуваме да ја разнесеме нашата сопствена планета!“, резимира друг корисник на Twitter.