Бил Гејтс на презентација донесе тегла со човечки измет

од desk2
159 прегледи

Бил Гејтс имаше своја презентација на саемот „Reinvented Toilet Expo“, каде на сцената во Пекинг донесе тегла со човечки измет.

Тој претстави нова технологија на тоалети, наменети за подрачјата каде нема вода.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ во изминатите седум години потрошија повеќе од 174 милиони евра за изтражување на тој производ, јави BBC.

Производот е наменет за уништување бактерии и спречување болести

Додека тој зборуваше зад него на екранот беа претставени најмодерните производи кои се наменети за уништување и спречување болести.

„Морам да признам дека пред десет години никогаш не замислував дека толку ќе знам за изметот“, рече Гејтс, и не мислел дека сопругата ќе го моли да престане да зборува за тоалети и фекалии.