Бил Гејтс не ги разбира луѓето кои се против маските: Што се тие, некои нудисти?

од Nikola Popovski
203 прегледи

Еден од основачите на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во еден подкаст зборувал за моменталната состојба во светот. Тој во гостувањето кај Рашид Џонс, го споредил носењето маска со носење панталони.

Како што нагласи, првите препораки во врска со коронавирусот биле исти како и за другите респираторни заболувања, но се покажало дека Ковид-19 е многу поопасен.

На места каде маските се задолжителни, бројот на заразени лица опаѓа, па според една од студиите, носењето маски до март 2021 година би спречило смрт на повеќе од 63 000 Американци.

Сепак, многу граѓани на САД го претворија одбивањето да носат маски во политичка изјава против науката и гест на независен избор, вели Гејтс, објаснувајќи колку за него се несфатливи таквите луѓе, пренесува „Т портал“.

„Самата идеја некој да одбие да носи маска е неверојатно чудна за мене. Кои се тие, некои нудисти? Ние исто така бараме од луѓето да носат панталони, ама затоа многу од нив не се жалат на тоа. Ако сакате животот да се врати во нормала, носете маска, а ако не носете да носите маска, останете дома“, вели милијардерот.

Според Гејтс, ефикасноста на вакцините утврдена со тестирање е навестување дека тоа може да биде случај и со другите вакцини што се развиваат. Затоа, тој процени дека ќе биде полесно да се произведуваат и дистрибуираат вакцини низ целиот свет, а тоа првенствено се однесува на земјите во развој.

„Со оглед на добрата вест од „Фајзер“и „Модерна“, мислам дека е веројатно дека вакцините на „АстраЗенека“,„Новавакс“и „Џонсон и Џонсон“ ќе покажат добра ефикасност“, рече Гејтс

Слични содржини