Еден од најбогатите луѓе во светот и основач на компанијата Microsoft, Бил Гејтс, откри шест иновации, кои, според негово мислење, би можеле да го променат човештвото.

Поголемиот дел од работите кои се најдоа на листата на Гејтс не се поврзани со компјутерите, туку со нашето здравје и подобрување на животот.
Подобро складирање на вакцини
Вакцините спасија милиони животи ширум светот, но многу бргу се расипуваат ако не се чуваат на адекватни температури. Група на научници од компанијата Global Good од Сиетел креирала иновативен фрижидер под назив MetaFridge.
Специфичен е по тоа што може да се чуваат работи и на многу ниски температури, па вакцините во него нема толку лесно да се расипат. MetaFridge исто така работи на преносливи вентилатори па докторите вакцините можат да ги носат и на поголеми далечни и полесно да стигнат до децата во зафрлените краеви од светот.
Едитирање на гени
„Замислете иднина во која би можеле да земеме ДНК од болна личност, да ги отстраниме гените кои предизвикуваат болест и на тој начин да ја излечиме, или на пример, од комарец да ги отстраниме гените кои предизвикуваат маларија“, објаснува Бил Гејтс.
Едитирањето на гени е се уште во рана фаза на развој и со себе повлекува низа на прашање околу тоа како оваа технологија да се користи на одговорен и етичен начин.
Соларно гориво
„Ако сакаме да се ослободиме од нашата зависност од фосилните горива и климатските проблеми кои ги предизвикуваат, потребни ни се различни пристапи. Неодамна посетив лабораторија во Институтот Калтек, каде научниците се обидуваат да пронајдат начин сончевата енергија да ја претворат во гориво“, вели Гејтс.
И понатаму сме далеку од моментот кога автомобилите ќе можат да се движат со помош на соларни горива, но креативниот пристап на овие научници му дава надеж на Гејтс дека во блиска иднина ќе можеме да направиме енергетско чудо.

mRNA Вакцини
Поголемиот дел од денешните вакцини користат ослабени или неактивни форми на вируси, за да го поттикнат нашиот имунитет на производство на антитела и спречување на болести. Меѓутоа, научниците сега се обидуваат да го искористат генетскиот материјал, кој би помогнал да се забрза и поевтини развивањето на новите вакцини.
Ако на тој начин успееме да го научиме нашето тело да креира сопствен одбранбен механизам, тоа ќе ни помогне на потполно нов начин да го спречиме појавувањето на болести.
Подобрено внесување на лекови
„Ако секој ден во исто време треба да се напиете некој лек, тогаш сигурно знаете колку често понекогаш заборавате да ја испиете таблетата“, истакнува Гејтс.
Една компанија направила мал уред, кој се вградува во кожата на човекот и кој полека ослободува лекови во крвотокот, во текот на одредениот временски период кога треба да се прими лекот.
Постојат неколку начини на кои оваа технологија може да се користи за превенција и контрола на болести, а Гејтс истакнува дека овој уред би можел да биде посебно корисен за лицата кои се изложени на вирусот ХИВ.
Вештачка интелигенција
„Од сите иновации на оваа листа, сигурен сум дека оваа во целост ќе ги трансформира нашите животи“, истакна Гејтс.
Вештачката интелигенција ќе создаде нови предизвици на кои ќе можеме да обратиме внимание, додава основачот на Microsoft, вклучувајќи ги и промените на професиите на луѓето кои поради автоматизацијата ќе останат без работа.
„Сметам дека вештачката интелигенција ќе го направи нашиот живот попродуктивен, поефикасен и полесен“, заклучува Бил Гејтс.