Милијардерот и филантроп Бил Гејтс изјави дека се надева во следната деценија дeка ќе биде пронајдена вакцина против ХИВ / СИДА.Bill-Gates-007

“Веројатно нашиот најголем приоритет е вакцината. Ако ја имаме, ќе можеме да ја запреме епидемијата”, коментира Гејтс. Тој додаде дека неговата фондација финансира истражувања, но дури и во најдобар случај превенцијата најверојатно е на пет или дури десет години во иднината.

Што се однесува до пронаоѓањето на лек за болеста, Гејтс е скептичен. “Сè уште нема дури експерименти со животни за тоа”, рече тој. Во моментов единствениот начин за борба против ХИВ е коктел од антивирусни лекови, откриен во 90-тите, кој го инхибира развојот на вирусот.

Фондацијата “Бил и Мелинда Гејтс” троши околу 400 милиони долари годишно за истражување на СИДА. Од 1981 година во близина 78 милиони луѓе биле заразени од вирусот ХИВ кој го уништува имунолошкиот систем на луѓето. 39 милиони умреле поради него.

Слични содржини