Бил Клинтон пишува трилер за Белата куќа

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Во неа ќе бидат инсајдерски детали кои само претседателот може да ги знае

Таа ќе содржи инсајдерски детали кои само претседателот може да ги знае, наведоа издавачите.Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го пишува својот прв трилер чие дејствие е сместено зад кулисите на Белата куќа , објавија неговите издавачи.Тој соработува со американскиот автор на бестселери Џејмс Патерсон на книгата „Претседателот исчезна„((President is Missing)koja издавачката куќа Alfred Ej Knopf end Letl,Браун енд Компани ќе ја објави во јуни 2018 година.

Книгата, како што се наведува , ќе им понуди на читателите единствена комбинација на интриги, неизвесност и дејствие зад кулисите, глобална драма од највисоките нивоа на власта.

Таа ќе содржи инсајдерски детали кои само претседателот може да ги знае, наведоа издавачите, пренесе вчера АФП.

-Работата на книгата за претседателот користејќи го она што го знам за работата, животот во Белата куќа и начинот на кој Вашингтон функционира, беше многу забавен-рече Клинтон додавајќи дека соработката со коавторот е сјајна.

Петерсон, кој е автор на два бестселери со тираж поголем од 350 милиони книги, вели дека соработката со Бил Клинтон е „врв„ на неговата кариера.

Клинтон до сега напишал неколку книги, а најпродавани му се мемоарите „Мојот живот„ од 2004 година.

Вчера е објавено и дека наскоро ќе излезе и книга на авторот на бестселерите Кертис Ситенфилд за тоа како би изгледал животот на Холари Родам да не се омажила за Бил Клинтон.