Биљали за пописот: Кај нас мора да дојде до потоп за да седнат лидерите и да разговараат

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар и универзитетски професор, Мерсел Биљали смета дека требало да дојде до потоп за да седнат двајцата лидери, Зоран Заев и Христијан Мицкоски и да разговараат за битните закони и за одложувањето на пописот.

„За вакви теми треба редовно да се разговара. Кај нас очигледно е само кога работата ќе згусне или ќе биде предоцна. Ние немаме функционалност, нема мериократски систем во секоја област. Кај нас болеста е некаде друго“, вели Биљали за емисијата „Топ тема“, додавајќи дека една Германија веќе три мандати е предводена од двете нивни најголеми партии, кои што според Биљали гледаат општ интерес и кај нив системот е автоматизиран.

Слични содржини