Биланс на синоќешните немири во Франција: 994 уапсени, 79 полицајци повредени

од Vladimir Zorba

Според последниот извештај на француското МВР, билансот од четвртата ноќ на немири низ Франција изнесува 994 апсења, повредени се 79 полицајци, а нападнати се 31 полициска станица и 11 касарни на жандармеријата.

Како што јави БФМ ТВ, опожарени се 1.350 возила и 234 згради.

Немирите и судирите со полицијата се случија откако во вторникот полицаец уби 17-годишно момче.

Слични содржини