Билатерални средби, па потоа средба на преговарачките тимови за Законот за ЈО

од Aleksandar Todeski
325 прегледи

Билатерални средби ќе имаат преговарачките тимови на власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство пред да се договорат за средба со парламентарните групи, дознава Локално од преговарачките тимови.

Фото: Локално

Денешните средби доаѓаат откако во петокот, на средбата за Законот преговарачкиот тим предводен од Министерката за правда, Рената Дескоска, побара сите оние кои имаат забелешки за Законот да поднесат амандмани, а од опозициската ВМРО-ДПМНЕ останаа на ставот дека нема да поднесат амандмани, повикувајќи ја министерката Дескоска да седне и заедно со експертите да донесе измени на Законот за ЈО.

Рокот за поднесување на амандмани беше до сабота до 12 часот, но откако помалите парламентарни групи се пожалија дека нема да можат да стигнат да ги поднесат, па се одложи до вчера вечерта, но и до тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ не поднесе ниту еден амандман.

А.Т.

Слични содржини