Билд: Германскиот претседател ја откажа посетата на Украина од безбедносни причини

од Nikola Popovski

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја откажа утрешната планирана посета на Киев поради безбедносни причини, објави денеска весникот „Билд“, повикувајќи се на владини извори во Украина и Берлин.

Весникот наведува дека германското Министерство за надворешни работи, МВР и безбедносните органи го советувале да не оди, но дека посетата наскоро ќе се случи, пренесе Ројтерс.

Од кабинетот на германскиот претседател одбија да ја коментираат оваа информација.

Претседателот во Германија има претежно церемонијална улога.

Тој планираше да го посети Киев во април, но Украина не сакаше да дојде Штајмајер поради неговите блиски односи со Русија за време на неговата претходна позиција како министер за надворешни работи.

Оттогаш, дипломатскиот јаз е надминат.

Слични содржини