„Билд“: Реал го договори Лука Јовиќ

од desk2
137 прегледи

Реал Мадрид го договорил привлекувањето на големата ѕвезда на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, тврди германското издание „Билд“.

Српскиот напаѓач ќе го финализира наскоро трансферот на „Сантијаго Бернабеу“, а за него ќе бидат платени 50 милиони евра.

Изданието тврди дека тој ќе потпише договор за шест години со „кралевите“ и ќе добива многу посолидна плата од онаа која во моментов прибира во германскиот тим. Параметрите сепак не се откриваат.

Името на Лука беше поврзувано и со Барселона, но на крајот мадриѓани ги победија „каталонците“ за неговиот потпис.

Јовиќ има на сметка 16 гола и 5 асистенции во 25 натпревари за својот клупски тим оваа сезона.