Биното: Целта на Ферари во 2022 година не е светска титула

од Vladimir Zorba

Лидерот на тимот на Ферари, Матија Биното, направи изненадувачко откритие дека главната цел на Скудерија во 2022 година не е да ја освои светската титула во Формула 1.

Од почетокот на сезоната, „Црните коњи“ се еден од водечките тимови, често со најбрзиот болид за време на тркачкиот викенд. Сепак, пилотските и стратешките грешки не и дозволија на Скудерија да забележи повеќе од две победи, кои беа извојувани во првите три старта од годината.

Така, италијанскиот тим ја зазема втората позиција кај конструкторите со заостанување од 36 бода во однос на Ред Бул. Возачите на Биковите, Макс Верстапен и Серхио Перез забележаа вкупно пет победи, иако имаат само по една пол-позиција.

„Ние си поставивме цел да бидеме конкурентни во 2022 година. Ова е нашата цел, а не да ја освоиме титулата. Би било сосема погрешно ова наеднаш да се промени само затоа што сме конкурентни. Ова е факт, но освојувањето титули е сосема поинакво. Ова го кажувам за да го намалам притисокот врз тимот. Освен тоа, за нас како тим-менаџери ќе биде погрешно да ги менуваме целите од оние што сме ги поставиле“, изјави Биното за BBC Sport.

Слични содржини