Новинарот Зоран Иванов во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 рече дека не треба во целост да се земе како вистина изјавата на Бојан Јовановски дека снимките од куќата на неговите родители ќе покаже кој ги зел парите.
Според Сафет Бишевац, „Рекет“ не е дело на Бојан Јовановски, ниту дело на Катица Јанева, туку ти е се едно или две нивоа подолу во хиерархијата.
„Заборавивме што се случувало со градежната фирма од Битола, со Орце Камчева. Се зборува дека сите платиле рекет. Тоа заначи дека таму без сериозен политички чадор, не можете да побарате пари од некој кој знае како ги стекнал тие милиони“, рече Бишевац.
Иванов пак, рече дека треба да се провери дали во торбите „Луј Витон“ имало пари или не.
„Многу се смели твоите ставови дека некој стои во позадина. Ако имаат некои докази нека ги извадат. Каде се парите, имаше или немаше пари во торбите кои ги изнесоа, тоа е единствената трага. Дали некој бил уфрлен за некоја сума на пари, па сега режира од надвор“, истакна тој.
Поранешниот пратеник, Сафет Бишевац пак, вели дека требало да има белешка дека премиерот го пријавил случајот „Рекет“.
„Обвинителството не знае во моментот каде се парите. Оној кој денеска доби три години затвор бил кај премиерот да преговара како застапник на странски фирми. Ако имаше белешка дека премиерот Зоран Заев дека пријавил рекет, до сега шест пати ќе покажеше“, рече Бишевац.
Спред новинарот Зоран Иванов, обвинителската картиера на обвинителите од СЈО би требало да е завршена.
„Мислам дека кариерата на обвинителите во СЈО е завршена, тие треба да бидат правници или адвокати, а не обвинители. Ние дежуравме пред седиштето на СЈО, им ја чувавме капијата за резултати, тие наместо тоа, си делеле бонуси. Штрчи тоа, не е хумано тоа што го правеле“, додаде Иванов.
Бишевац пак, рече дека воопшто не се заслужени бонусите кои ги зеле обвинителите во СЈО.
„Тие треба да бидат супер платени, но апсурд е секретарката на Катица Јанева да зема поголема плата од претседателот на државата“, рече тој.