Бислимовски: Синоќешниот прекин на струја во Скопје не е поради рестрикции

од Nikola Popovski

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски денеска информираше дека синоќешниот прекин на струја во Скопје не е поврзан со енергетската криза.

-Не се работи за рестрикции. Технички проблем е. Вообичаени нормални појави. Напојувањето е насекаде вратено, рече Бислимовски во емисијата „Студио 10“, додавајќи дека шпекулации се дека намерно се правеле рестрикции.

Синоќа поголем дел од Скопје остана без електрична енергија поради експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО и пожар на трафостаница во Пинтија.

Електрична енергија немаше во Аеродром, Центар, Тафталиџе, Дебар Маало, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и други скопски населби, како и делови од Велес и Овчеполијата.

Слични содржини