Битиќи од Битола: Две нови инвестиции во градот до крајот на годината, така се сака татковината

од Nikola Popovski
282 прегледи

„За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беа потрошени 250 милиони евра пари на граѓаните за да се креираат 15.000 работни места. Ние за 4 години обезбедивме 90.000 работни места, а за тоа само минатата година имавме потрошено 70 милиони евра, за разлика од 250 милиони евра за само 15.000 работни места. И тоа не беше доволно, во 2017 година одлучивме дека ставаме крај на отворање нови работни места кои се сиромашни работни места, затоа што тие креираат сиромаштија. Да не заборавиме дека минималната плата од 9.000 денари ја зголемивме на 14.500 денари и тогаш од опозицијата се противеа на тоа зголемување велејќи дека со тоа покачување економијата ќе крахира. Денеска минималната плата е 15.200 денари а просечната речиси на 29.000 денари и економијата не е крахирана“, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на вечерашната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Тој најави нови инвестиции во Битола, потенцирајќи дека работните места кои ќе се отворат таму ќе бидат со минимални плати многу повисоки од законскиот минимум.

„Ние денеска преговараме за отворање на дополнителни нови 1.250 работни места ви Битола и сме пред потпишување на Договор за инвестиција од веќе постоечка фабрика, но под услов дека ќе добијат поддршка од државата само ако минималната плата што ќе ја дадат биде 22.500 денари. Е тоа е разлика, 9.000 наспроти 22.500 денари. Дали тоа е доволно? Не е, но е многу повеќе отколку 9.000 денари. Во преговори сме и за втора инвестиција, американска компанија, која ќе отвори 350 нови работни места. Зборуваме дека најдоцна до крајот на годината за две нови инвестиции во зоната во Жабени, со 1.600 нови вработувања. Така се сака татковината, не со зборови туку со работа“, заклучи Битиќи.

Слични содржини