Битиќи: Експертската работна група нема мандат да разговара и за други промени, „20 проценти“ остануваат во Уставот

од desk4

 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, смета дека Експертската работна група нема мандат да разговара и за други промени, освен за промена на Преамбулата на Уставот со вклучување на Бугарите,  што според него значи дека терминот „20 проценти“ во Уставот нема да биде заменет со зборовите „албански јазик“.

„Работната група која има мандат за уставни измени соопшти дека нема мандат нитиу за измени, ниту за дискусии за други усавни измени, освен за оние кои се однесуваат на европскиот пат. Мислам дека нема пратеник Албанец кој ќе гласа против евроинтеграциите. Секоја друга дискусија ја гледам како дел од дневно – политичката агенда од различни причини. убедени сме дека и во македонскиот опозициски блок разумот ќе надвладее и ќе направат мнозинство за усавни измени“, рече Битиќи во емисијата „200“ на Алсат.

Промената на изразот „јазик на најмалку 20 проценти од населението“ во „албански јазик“ во Уставот ја бараат опозициските партии на македонските Албанци.

Битиќи е уверен дека парламентарното мнозинство ги има потребните гласови за двотретинско мнозинсњтво за измена на Уставот.

 

Слични содржини