Биткоинот го проби нивото од 24.000 долари

од Vladimir Zorba

Вредноста на биткоинот накратко го надмина нивото од 24.000 долари, а вкупната капитализација на крипто-пазарот скокна речиси четири отсто откако претседателот на американската централна банка, Џером Пауел изјави дека инфлацијата почнала да забавува во САД.

„Сега можеме да кажеме, мислам за прв пат, дека процесот на дезинфлација започна… ние навистина го гледаме тоа во цените на суровините“, рече Пауел за време на брифингот за медиумите на Федералниот комитет за отворен пазар, непосредно откако беше најавено зголемување на каматните стапки за 25 базични точки.

Пазарната капитализација се зголеми за повеќе од 40 милијарди долари неколку часа по објавувањето. Глобалната капитализација на крипто-пазарот сега изнесува 1,09 трилиони долари, што е скок од 3,88 отсто во споредба со претходниот ден, според најновите податоци од Coinmarketcap, според Seebiz.

Во меѓувреме, БТК го проби нивото од 24.000 долари за прв пат во 2023 година, достигнувајќи 24.161,27 долари, според податоците од Coinmarketcap.

Слични содржини