Бизарна сообраќајна незгода во Шпанија, настрада слон

од desk2
121 прегледи

 

Еден циркуски слон загина, а два се повредени во судар на камион кој ги превезувал во Шпанија, соопштија властите.


Камионот претекнувал друго возило во централна Шпанија кога одненадеж се затресол, вели портпаролот на шпанската агенција за патишта DGT.

Еден од пет слонови кои биле во каминонот настрадал, а два се повредени.

Сообраќајот на тоа место бил запрен речиси дв часа, додека властите донеле дигалка за да ги преместат животните во други возила и да го расчистат патот.

На снимката која ја достави DGT се гледа слон како го дига дигалка, а пожарникари му ги држат нозете.

На фотографиите се гледа превртен камион на автопатот, а слоновите се во близина.