Бизнисот бара заштита на домашното производство преку олеснување на извозот и намалување на царинските стапки

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Неколку недели по пријавувањето на проблемите со  огромен застој на камиони  на граничниот премин меѓу Македонија и Србија при извоз на одреден тип суровини, не само што се уште нема решение, туку не е ниту отпочнат процес за надминување на голготата со која се соочуваат компаниите. Според Загорка Блажевска, сопственик на „Вита Нова“ и член на управниот одбор на Сојузот на Стопански комори, најпроблематична сеуште е состојбата за извозите преку граничниот премин Прешево.

Секој извоз од Македонија  кон Србија кој вклучува ветеринарна испекција за прв увоз на суровина со ветеринарен сертификат кој не е усогласен со Србија, е многу тежок, временски се развлекува во денови наместо да се реши во неколку часови и изискува преголема докуметација“, вели Блажевска за „Локално“.

Загорка Блажевска

Загорка Блажевска

Во меѓувреме, се таложат негативните последици меѓу кои основни се секако материјалните штети. Еден ден задржување  на граница, дел од компаниите велат дека ги чини 300-400 евра, но оваа сума се мултиплицира бидејќи чекањето се приолонгира и до недела дена, а крајните ефекти се уште подалекусежни ако се има предвид  дека суровините  се транпортираат со температурен режим и се со одреден рок на траење поради што лесно  можат да се расипат.

Во тој случај додава Блажевска, штетите можат да достигнат и вртоглав износ од 300-400 илјади евра штета за една пратка, а  дополнителен проблем е неиспорачаната роба за производство, како и прекинот  на една линија во производствениот  погон  во случај на стопирање на производството.

Анализите на компаниите покажале дека вакви проблеми набрзо ќе се појават и  при извозите на нашата роба и  за другите соседни држави, како на пример во Албанија. Во пракса тоа значи дека проблемите се јавуваат во делот на синхронизација на системите за одобрување на ветеринарни сертификати на земјите членки на Опен Балкан и примена на платформата TRACES CEFTA.

„Не знам дали прашањето се однесува за Опен Балкан или на ЦЕФТА. Кога се обратив во ЦЕФТА на локално и регионално ниво за истата проблематика го добив следен одговор: Албанскиот сервис не ја користи платформата TRACES CEFTA за трговија, па останува истото да се договори билатерално. Оттука, се  поставува прашање ако Опен Балкан и ЦЕФТА е синхронизиран систем, зарем не треба со една постапка да се направи хармонизација и во околните земји, а не да се повторуваат истите усогласувања постојано?“, прашува Блажевска.

Во оваа насока е нејзиното барање за  одговорност од сооветните  институции, олеснување на постапката меѓу државите како и олеснување на процедурите од причина бидејќи како што вели таа, станува збор за роба која е веќе претходно увезувана преку други гранични премини и не е непозната постапка за увоз.

За сите опроблеми ССКМ ја има известено и Царинската управа. Чекор  во насока на заштита на домашното производство  според неа е и потребата од  ревизија на царинските стапки за роба и стоки кои би го заштитиле домашното производство, со цел нашите домашни производители да можат да имаат поконкурентен производ.

Намалување на царинските стапки побара и Претседателот на Сојузот на стопански комори –Трајан Ангелоски кој во интервју за „Локално“ ја посочи потребата од  фер услови.

Ако сакаме да играме во европската лига ни требаат европски услови. Во европска лига да се игра со балкански царини кои се 3-5 пати повисоки од Бугарија, Грција, Србија мислам дека едноставно ги елиминира од конкурентност македонските компании“, изјави Ангелоски.

Според него, стопанствениците очекуваат од Владата да се фокусира на домашните компании и да не се создава илузија дека целокупната економска активност треба да се фокусира на странски компании.

К.В.С.

Слични содржини