Бизнисот со артефакти не „познава“ закон

од Destan Jonuzi

Над 160 археолошки и уметнички артефакти, меѓу нив и вредни икони, пријавило Министерство за внатрешни работи во базата на Интерпол, но се уште недостасуват резултатите, односно, не е пронајден ниту еден од нив, дознава „Локално“.

Бројката на украдени икони или археолошки предмети од нашата земја е над 1.000.

Според полициски извори на „Локално“ најчести нелегални пазари на кои завршуваат украдените предмети од нашата земја се земјите од Западна Европа, а во последните години украдените археолошки предмети од Република Северна Македонија завршуваат на пазарите во земјите од Азија.

На веб страницата на МВР објавени се 37 украдени црковни икони кои се сметаат за скапоцено културно наследство. Меѓу нив е еден иконостас на Исус Христос, крунисување на Богородица, икони на Свети Јован Богослов, Богородица и други светци, како и вредни прстени и обетки.

Од Управата за заштита на културното наслество за „Локално“ велат дека досега објавените предмети на страната на Интерпол се предмети за кои не е извршена ревалоризација и сите тие се со статус „значајно културно наследство“, предмети кои се објавени како исчезнати во минатото.

– Управата нема конкретни податоци за тоа кога се објавени тие фотографии, односно кога и во кој период се прикачени на страната на МВР. Управата има податоци за археолошки предметите кои беа вратени во нашата земја врз основа на соработка на нашата институција со соодветната институција на Република Словенија почнувајќи од 2006 година. Многу пати се случува институциите воопшто да не известуват за тоа дека се случува некакво изнесување, иако во законот за заштина на културното наследство има еден член каде што стои дека задолжителна е соработката со МВР, Обвинителствата и со другите поврзани институции. Последната година има некаков напредок, добиваме информации за акци ако се фатат луѓе на граница како изнесуваат предмети. Има простор да се продлабочи институционалната соработка, изјавија за „Локално“ од Управата за заштита на културното наслество.

Како што дознава „Локално“ иконите што беа украдени од Западна Македонија и изнесени во Република Албанија, се уште не се вратени.

Стручњаците од ова област со кои разговаравме изјавија дека не постојат лица кои може да ви ја кажат вредноста (сумата) на украден предмед, бидејќи во аукција цената се покачува во зависност од побарувачката.

– Ако се интересирааат повеќе купци, ќе има повисока цена. Инаку, тука кај нас не постој проценител кој што ќе каже дека овој предмед е толку и толку пари. Цената се постигнува на аукција, велат експертите.

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман во јули 2013 година беше уапсен за злоупотреба на службената положба. Според обвинителнито акт, Кузман дал согласност за ископ на две спорни локации, кај Драмски Рид во Делчево и Катланово. Токму на овие две локации, на крајот на 2011 година се трагаше по значителна количина злато, за кое се веруваше дека останало уште од Втората светска војна. Апсењето на Кузман беше продолжение на акцијата „Фаланга 2“, при што во мај 2013 година беа уапсени 19 лица, вклучително и вработени во Дирекцијата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија, Музејот во Демир Капија, како и полициски службеници во Велес.

Д.Ј.

Слични содржини