Blic: ЕУ вади таен план “Операција Албанија” против грчката криза

од desk3
104 прегледи

Се појави таен план за попречување на ширење на грчката криза во Бугарија, Романија, Кипар и Македонија, соопштува српскиот весник Blic, без да прецизира од каде е информацијата.

20150629.wyzdawnucz

Според изданието планот бил наречен “Операција Албанија” и бил подготвен во случај ако Грција ја напушти еврозоната.Тој има за цел да им помогне на четирите земји кои ќе бидат најпогодени од ваквата одлука и ќе се соочат со огромна финансиска криза. Според овој резервен план на ЕК,се предвидува да се национализираат филијалите на грчките банки во овие земји, како и контрола и ограничување на движењето на капитал и финансиски средства. Засега никој не сака таков исход, бидејќи тој би можел да ги “зарази” Португалија и Шпанија.

Истовремено претставник на Европската комисија изјави дека во понеделникот таа нема да упати нов предлог во врска со прашањето за грчкиот долг, соопшти Reuters. Агенцијата забележува дека, сепак, оваа изјава е спротивна на зборовите на европскиот комесар за економски и финансиски прашања, Пјер Московичи, кој претходно изјави дека претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер подоцна ќе излезе со нов предлог.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој денеска свика состанок на клучни фигури во владата поради грчката криза, изјави дека грчкиот референдум по прашањето за барањата на доверителите е “суверена избор” за тоа дали земјата да остане, или да ја напушти еврозоната, пренесе АФП.

“Ова е демократијата, тоа е правото на грчкиот народ да одлучи што сака за својата иднина. Влогот е дали Грците сакаат, или не да остане во еврозоната, или да преземат ризикот од заминувањето нејзиното “.