Блинкен до Борел: Да продолжи пристапниот процес со С. Македонија во ЕУ

од Nikola Popovski
392 прегледи

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ја истакнал потребата да се продолжи пристапниот процес со Северна Македонија и Албанија при денешната средба со потпретседателот на Европската Комисија Хосеп Борел во Вашингтон, објави „Гласот на Америка“.

„Државниот секретар ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, и ја истакна потребата да се продолжи понатаму со пристапниот процес со Албанија и Северна Македонија“, се вели во изјавата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Во изјавата на Прајс пишува дека „секретарот Блинкен ја потврдил важноста од партнерството меѓу САД и ЕУ, и заложбата на САД да работат заедно со ЕУ да се спротивстават на заедничките предизвици“.

Слични содржини