Блинкен со честитка: САД ќе продолжат да ја поддржуваат С. Македонија на европскиот пат

од Nikola Popovski
22 прегледи

Честитка по повод независноста на земјава упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Вели дека го цени американското силно партнерство со Македонија, фокусирано на градење просперитетна демократија зајакната со европската заедница.

-Американскиот и македонскиот народ споделуваат заеднички вредности посветени на демократијата. Со нетрпение чекаме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и продлабочување на екомските врски во регионот.

САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Сeверна Македонија на европскиот пат и во годините што следуваат, стои во честитката на Блинкен, објавена на веб-страницата на американскиот Стејт Департмент.

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“, Македонија го слави Денот на независноста. На денешен ден, пред 33 години, повеќе од 95 отсто од граѓаните на референдум се изјаснија за независна и суверена држава.

Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на независна и суверена Република Македонија.

Во рамки на одбележувањето на Денот на независноста, денес Македонската филхармонија во Скопје беше домаќин на свечена академија на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Слични содржини