Блиска соработничка на градоначалникот Јорданов гради без дозвола и без денар платен на општината, обвинуваат од СДСМ-Штип

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Штип да одговори дали неговата блиската соработничка, која е на позиција секретар на Општина Штип, во моментов има дозвола за изведба на градежни активности? Дали бесправно се гради поради злоупотреба на функцијата?, вака денеска прашаа од СДСМ-Штип и побараа одговор од градоначалникот Иван Јорданов.

Според огранокот на СДСМ, Јорданов треба да одговори „дали поради бурните реакции на граѓаните оваа надградба дивоградба во моментов се стопира, а водејќи се по старата „секое чудо за три дена,“ соработничката планира наскоро да си продолжи со бесправната експанзија?“.

Од СДСМ-Штип појаснуваат дека никој не смее да биде над законите и да ја злоупотребува својата позиција.

-Не може општината и локалната самоуправа да биде за некој мајка, за друг маќеа. Додека обичниот граѓанин мака мачи низ општинските лавиринти за каква било дозвола, дали е фер вмровските челници истите лавиринти целосно да ги заобиколуваат и игнорираат? Дали е фер да се гради без дозвола и без денар платен на Општината?, соопштија од Општинската организација на СДСМ во Штип.

Слични содржини