Близнаци, а родени во две различни години (ФОТО)

од Nikola Popovski

Персоналот на болницата во калифорнискиот град Салинас и брачната двојка Фатима Мадригал и Роберт Трухиљо ќе ја паметат новогодишната ноќ по необичен настан. Им се родија близнаци во две различни години, петнаесет минути пред полноќ на 31 декември и по полноќ на 1 јануари 2022 година.

Фатима и Роберт најпрво го дочекале својот син Алфред Антонио во 23:45 на последниот ден од 2021 година, а неговата сестра близначка Ајлин Јоланда Трухило се родила на полноќ на 1 јануари, објави ТВ каналот „WKRC“.

Болницата на Твитер објави дека веројатноста за вакво нешто да се случи е еден на два милиони случаи.

-Не можам да поверувам дека се близнаци, а имаат различни родендени“, изјавила мајката Фатима Мадригал, признавајќи дека и самата била „изненадена и среќна“.

Гинекологот во болницата, д-р Ана Абрил Аријас, изјавила дека ова единствено породување е „едно од највпечатливите“ во нејзината кариера, објави „Њујорк пост“.

„Беше апсолутно задоволство да им се помогне на овие малечки безбедно да пристигнат во 2021 и 2022 година. Каков неверојатен начин да се започне Новата година“, истакнала Аријас.

Двете бебиња наскоро ќе се запознаат со трите постари браќа и сестри, односно две девојчиња и едно момче, пишува „Њујорк пост“.

Слични содржини