275
Додека граѓаните на Албанија се во шок по последиците од серијата земјотреси кои ја погодија таа земја утрово, гинекологот Анике Докле објави дека 20 минути по силниот земјотрес се родени близнаци.
„Јас и моите пријатели овој пат сме во породилно. Тие бебиња близнаци се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобар симбол на континуитет на животот. Немам зборови!“, напиша Докле на својот Фејсбук профил не прецизирајќи во кој град се родени близнаците.
https://www.facebook.com/adokle/videos/10221651127566673/