БМВ-то на Том Круз украдено во Бирмингем додека снимал за „Невозможна мисија 7“

од Vladimir Zorba

Автомобилот на холивудскиот актер Том Круз, БМВ, беше украден за време на снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“ во Бирмингем.

Лондонскиот таблоид „Сан“ објави дека возилото на Том Круз е украдено од паркингот на хотелот Гранд, во кое имало и разна стока вредна неколку илјади фунти, пренесува Би -Би -Си.

Автомобил БМВ Х7 беше украден во вторникот на паркингот на улицата Черчи, но наскоро е пронајдено во блискиот Сметвик, соопшти полицијата на Вест Мидлендс и потврди дека анализата на снимките од безбедносните камери е во тек.

Слични содржини