Боб Дилан ќе ја добие Нобеловата награда неделава

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Музичарот Боб Дилан, кој беше награден со Нобелова награда за литература, ќе ја добие наградата на крајот на оваа недела, соопштија од Шведската академија. “Добрата вест е дека Шведската академија и Боб Дилан одлучија да се состанат оваа недела. Академијата ќе му ги додели Нобеловата диплома и Нобеловиот медал на Дилан “, напиша во блогпт постојаниот секретар на Шведската академија Сара Даниус.

Според неа настанот на врачување на наградата ќе биде малку приватен и на него нема да има поканети медиуми – само Дилан и членови на Академијата. Тоа  е потребно во согласност со барањата на музичарот.

Оваа сабота и недела музичарот ќе одржи два концерти во Стокхолм, но Даниус не прецизираше дали церемонијата ќе се одржи пред или после нив. Претходно оваа недела стана јасно дека Дилан може да не ја добие премијата од 8 милиони круни (870 000 долари), ако не се одржи традиционалното Нобелово предавање во Стокхолм до 10 мај.

“Шведската академија сака да соопшти дека во последните месеци не сме имале телефонски разговори со Боб Дилан. Тој сепак не знае дека Нобеловото предавање мора да се одржи не порано од 10 јуни, за да биде исплатена монетарната премија. Ова се наведува во статутот на Нобеловиот комитет “, напиша тогаш Даниус.

Самиот Дилан не присуствуваше и на церемонијата на доделувањето на наградата на 10 декември, иако тогаш Академијата соопшти дека тој ќе одржи предавање. Наместо него наградата ја прими американската пејачка и поетеса Пети Смит.

Името на носителот на наградата за литература стана најголемото изненадување во текот на доделувањето на наградите минатата година. Дилан ја доби наградата “за создавање на поетски слики во големата американска поемска традиција”, соопштија од Академијата тогаш.

Така тој стана првиот музичар кој ја добил престижната награда.