Бочварски: Ако Ковид 19 продолжи да се шири ќе мора да се врати полицискиот час

од Берта Китинска
324 прегледи

Таргетиран е проблемот и затворање на градот би донел дополнителни последици како врз економијата, така и врз здравјето. Сметам дека престрога мерка би бил карантин на градот, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Сепак, доколку вирусот продолжи да се шири, ќе мора да се превземат дополнителни мерки.

-Вклучен е алармот за преземање мерки. Затворена е една компанија во која се рашири КОВИД-19, наш предлог како град беше дополнително да се затворат уште текстилни фабрики. Доколку КОВИД-19 продолжи да се шири, ќе мора да се врати полицискиот час и карантинот. Болеста е таква што сите мора да ги почитуваат мерките и да не се дозволи опуштање на поединци кои го доведуваат во опасност сопственото и здравјето на останатите, изјави Бочварски.

Слични содржини