Бочварски: Градежништвото доживува рестарт поради градежната реформа, ова е шанса да покажеме дека инфраструктурата ни е приоритет

од Nikola Popovski

„Градежништвото во овој период доживува рестарт и тоа го кажувам поради градежната реформа. Новиот пристап и принцип на градење со проектирање и градба кој се промовира и работи на терен дава резултати“ рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој додаде дека ова е шансата на нашата држава да конечно, по 30 години самостојност, покаже дека инфраструктурата е на врвно приоритетно ниво.

„Тоа го докажуваме, но таа инфраструктура и овие проекти се повеќегодишни и се работат три, четири, пет години. Тоа значи дека патот е трасиран и овие проекти го даваат бенефитот“ рече Бочварски.

Министерот додаде дека покрај големите проекти кои ги води министерството, со 70 милиони евра се поддржуваат и општините за иградба и ревитализација на локални патишта, таму каде концентрацијата на патници е најголема.

Слични содржини