Бочварски: Никој не е задоволен од работата на „Македонски железници“, ќе ги отвориме вратите за оператори од регионот

од Nikola Popovski

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски изрази незадоволство од работата на „Македонски железници и транспорт“. Како што истакна, до пред две години Владата како субвенции исплаќаше 6 до 7 милиони евра годишно за да реализира одреден број линии за патничкиот сообраќај.

Минатата година Владата помогнала со 15 милиони евра, а годинава поддршката се очекува да биде околу 20 милиони евра.

-Апсолутно и граѓаните и Владата не сме задоволни и претрпријатието не ја врши работата. Токму поради тоа во Собранието е законот за либерализација на превозот и очекуваме по изгласувањето на овој закон, да им се отвораат вратите на други оператори од регионот, кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги“, рече Бочварски за состојбата во железничкиот сообраќај.

Министерот најави дека Владата ќе продолжи со изградбата на пругите кон Бугарија и со Меморандумот со Србија за предвидената линија Ниш-Скопје.

Слични содржини