Златни прачки, златници и златна прашина вредни повеќе од 50 милиони долари, најголемото изгубено богатство во историјата на САД кое лежеше на дното од океанот повеќе до 150 години, наскоро ќе биде изложено и ставено на продажба во Калифорнија.

Златниот товар од 3.100 златници, 45 златни прачки и 36 килограми златна прашина, отркиен е во 1988 година во остатоците од бродот “С.С Централна Америка“, во моментот се наоша во импровизирана лабораторија јужно од Лос Анѓелес, пренесе AP.
Богатството со децении се чистеше рачно од рѓа и нечистотија која се насобрала на паричките и прачките додека лежеле на длабочина од 2.134 метрипод површината на морето, за да забелскаат во полн сјај пред првото претставување идниот месец.
Паробродот „Централна Америка“ носел вреден плен од Калифорниската златна треска кога во 1857 година потонал под налет на раган недалеку од брегот на Јужна Каlifornija.
Во бродоломот се удавиле 425 луѓе и потонале илјадници фунти калифорниско злато, што довело до економска паника. Богатството ќе биде јавно изложено во Конгресниот центар во Лонг Бич, јужно од Лос Анџелес, во февруари.
Сето злато ќе биде дадено на продажба, а како што се проценува, и најмалиот златник може да достигне цена од милион долари благодарение на комбинација од фактори како раритет и историјата која стои зад него, изјави Двајт Манлеј, менаџер на компанијата „Калифорнија голд маркетинг груп“, која го организира изложувањето и аукцијата.