„Искрено сум задоволен од тоа што го сработив за овие 4 години, во услови на како ја затекна општината и во услови на пандемија. Не стравувам од ниту еден кандидат во СДСМ. Кога ќе дојдеме да покажеме кој и како сработил, јас имам со што да покажам резултати. Се радувам што секој има што да понуди за Центар, но јас мислам дека заслужувам втор мандат“, вели актуелниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“.
Според него, општина Центар е најнезадолжената општина во земјата.
„Кога дојдов имавме 2 милиони евра долг и околку 2,5 милиони евра судски пресуди. Сега не должиме никому, завршивме модерно основно училиште со сопствени пари, ја завршивме „Васил Ѓоргов“, најголемата сообраќајница во Капиштец…“, наведе Богдановиќ.