Богоев: Следува сериозна борба против корупција во Царина, не може неколкумина да фрлат дамка на професионалците

од Vladimir Zorba

Главен фокус во работата на новиот директор на Царинската управа, Стефан Богоев ќе биде усогласување со европските процедури и борбата против корупцијата и шверцот. Така, како што рече Богоев во гостувањето на ТВ24, ќе се помогне и на бизнисот и на граѓаните и на државата.

-Високи професионалци од Царината работеле и досега на темата за олеснување на процедурите, а главен фокус ми е сорабтка со соседите од Отворен Балкан, како и за подготвеноста за поглавјето 29 со Европската Унија, бидејќи треба да се усогласиме со нивните процедури, кои ќе овоможат слободен проток на стоките. Со Отворен Балкан и со усогласувањето очекувам придонен да има за бизнисот, преку намалување на директните трошоци, но и индиректните, како што е намалување на времето за чекање, кажа Богоев.

Тој порача дека бизнис заедницата ќе има партнер во Царината и нејзините службеници.

-Она за што ќе се залагам е и сериозна борба против шверцот и корупцијата во Царината. Така државата губи пари, а вториот аспект е што неколкумина вработени во Царината кои се можеби корумпирани, фрлаат дамка на сите оние професионалци кои работат во Царинската управа. Со сузбивањето на корупцијата и шверцот верувам дека тоа ќе го направиме. Исто така потребна е и јавната кампања и транспарентноста во работењето, пред се заради довербата кај граѓаните, истакна Богоев.

Слични содржини