Богоев: Стабилизирано и зголемено мнозинство ќе ни помогне во реформите во правосудството

од Vladimir Zorba

„Стабилизирано и зголемено мнозинство ќе ни помогне во реформите во правосудството. Мнозинството пред реконструкцијата броеше 64 пратеници. Колку ќе брои сега ќе оставам да биде мала тајна и да видите следната недела. Тоа го правиме од тактички причини, бидејќи е интензивна политичката ситуација и нормално е да бидеме претпазливи во јавните настапи“ рече Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека следната недела ќе стане појасно колкаво ќе биде новото мнозинство по излегувањето на Алтернатива и Демократски сојуз и влегувањето на Алијанса за Албанците во Владата.

„Се надевам дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го користат правото на дискусија, но тоа да не премине во бесконечно одолговлекување, бидејќи на државата ѝ треба функционална Влада и стабилно мнозинство“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ рече дека се неосновани тврдењата на опозицијата дека власта нема мнозинство и ги повика доклку навистина веруваат во тоа, да завршат со дискусијата за да се премине на гласање и да се видат бројките.

„Зголемено мнозинство имаме, но ВМРО-ДПМНЕ одолговлекува за да се сокрие дека тие го немаат мнозинството што го најавуваше Христијан Мицкоски веќе две години. Последната негова најава беше дека на крајот на јануари и во февруари ќе имал мнозинство“ рече Богоев.

Слични содржини