Богоев в.д. директор на Царина

од Vladimir Zorba

Поранешниот пратеник и градоначаланик на Општина Карпош Стефан Богоев на денешната владина седница е именуван за в.д. директор на Царинската управа, откако досегашната директорка Славица Кутиров која беше на чело на институцијата две години, поднесе оставка.

Кутиров претходно со соопштение до медиумите информира дека Владата ја прифатила нејзината оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на нејзината професионална кариера на меѓународен план.

-Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата.

На нејзиниот наследник му посакува успешна работа и, како што вели, уште подобри резултати.

Слични содржини