Богоевски: Иако имаме опаѓање на рангот на корупција, бодовите се исти од минатата година

од Nikola Popovski

„Иако имаме опаѓање на рангот на корупција на земјава на 111 место, бодовите се исти како бодовите од минатата година“, вели политичкиот аналитичар Павле Богоевски за емисијата „Само интервју“ за индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ во 2020 година.

Според него, за првпат немаме реално опаѓање кај перцепцијата за некорупција на самите институции.

„2018 година е прва година во која немаме влошување на бодовите“, потенцира Богоевски.

Инаку, Северна Македонија е најлошо рангирана досега на индексот за корупција на Транспаренси Интеренешнл со пад од 5 места на 111 место, во друштво на БиХ, Монголија и Панама.

Слични содржини