Богоевски: Како баш сега му се погоди на Груевски условите во затворот да станат опасни?

од desk2

На вториот ден од седницата на собраниската комисија за симнување на пратеничкиот имунитет на осомничениот Трајко Вељаноски, колешката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска изрази загриженост за неговата безбедност ако биде притворен, пренесе СДК.мк.

„Како ќе го пратиме Трајко Вељаноски таму? Има нови закани од затворени лица во Шутка, викаат: ‘Ги чекаме политичарите!’”.

На ова претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски праша како токму сега биле нападнати поранешните министри од ВМРО-ДПМНЕ, иако Јанакиески веќе беше во притвор во иста соба со осуденик за „Диво насеље“.
„Среќа што нема никој повреден, ама се прашувам како ова случајно му се погоди на избеганиот Никола Груевски кој доби азил со тврдење дека условите во затворот биле опасни“, рече Богоевски.
Ласовска рече дека нема опасност од бегство и влијание врз сведоци од страна на Вељаноски.
„Уапсете нè сите и дајте да завршиме со прогонот“, порача таа и потсети дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сами се нуделе да им биде симнат имунитетот.
„Да, Груевски рече дека тоа ќе го направи, но прв лавовски избега во Унгарија и сега од таму на сите ни се смее, и нам и вам“, и одговори Богоевски.

Слични содржини