Богоевски: Сите кои сме влегле во политиката, мора да знаеме дека постои живот и после неа

од Nikola Popovski

Поранешниот пратеник Павле Богоевски смета дека битката против корупцијата и против системската корупција не е нешто што се прави од денес за утре.

„Посебно кога вие имате институции кои што со децении биле градени, одгледувани и негувани да слугуваат на центрите на политичката моќ“, вели тој за емисијата „Само вистина“.

На прашањето дали се чувствува осамено во одлуката дека само тој поднесе оставка од функцијата после скандалот, а никој друг од функционерите за што се обвинети или поврзани, Богоевски вели дека неговото златно правило е дека „во истиот момент кога вашата персона ќе стане пречка за каузата, која што тврдите дека ја застапувате, тогаш вашата персона треба да биде изземена од каузата и да биде отстранета“.

„Тој став не значи бланко почитување на секоја кампања, која што опозицијата ќе ја побара, по што ќе сакаат поуспешна политичка кампања. Сите кои сме влегле во политиката мораме да знаеме дека постои и живот после неа“, истакна Богоевски.

Слични содржини