Богојески: Главната порака од изборите во Бугарија е дека Бугарите не ги мразат Македонците

од Nikola Popovski
450 прегледи

„По изборите во Бугарија, се чувствува драстична разлика во коментарите во однос на Македонија. Ако пред изборите беа сигурни и убедливи во рамковната позиција на земјата, сега гледам дека влегува дека македонското прашање е на страна и мислам дека има подготвеност да се разговара на поинаков начин за решавање на проблемот“, вели лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески за емисијата „Топ тема“, за прашањето што после неделните парламентарни избори кај нашиот источен сосед.

Според него, главна порака од изборите е дека Бугарите не ги мразат Македонците, затоа што тие „ако не мразеле, ќе гласале масовно за ГЕРБ на Борисов и ВМРО-БНД на Каракачанов“.

„Ситуацијата сериозно се менува сега во однос на нас“, смета Богојески.

Слични содржини