Богојески: Македонски концепт излегува на избори, имаме листи со врвни професионалци

од Aleksandar Todeski

Ние сме подготвени да одиме на избори. Имаме листи со врвни професионалци, универзитетски професори, граѓански активисти и граѓани кои сакаат нормална Македонија, рече Петар Богојески, еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ и основач на „Македонски концепт“.

„Сведоци сме на валкани игри, политички пазар и коалиции на партии кои немаат ништо знаедничко. Ние сме строго одлучни дека единствено може да излеземе пред граѓаните со сродни и јасно определени граѓани кои знаат да препознаат и да се изборат за нормална држава, кои знаат да застанат зад вредности кои 30 години ги нема во нашата држава“, рече Богојески.

Тој повика и граѓани и партии кои се подготвени да застанат зад вредностите зад кои тие се залагаат, да им се приклучат и да излезат на изборите со нив.

„Нудиме нови лица, нова генерација, кои со посветеност, стручност и издржана идеја, ќе докажеме дека можеме да создадеме економски стабилна држава, идеи и проекти кои ги решаваат проблемите, а не политичка импровизација“, додаде Богојески.

Тој посочи дека Македонски концепт било форма за вистинска Република и справување со мафијата, додавајќи дека тие имаат идеја за тоа како до фер и нормално општество.

„Често слушам, ене го бунтовникот, реформаторот и одметникот. Точно, бунтовник, за нормална држава. Реформатор, на заробената држава. Одменик, но од што, од бандитите. Точно е и се гордеам со тие епитети“, истакна Богојески.

Вели, јас сум реформатор, а не реставратор на истрошени, непродуктивни естаблишменти, додавајќи дека етикетирањето станало национален спорт во земјата.

 

Слични содржини