Нема потреба од читање на сокриени пораки. Ахмети отворено кажа, ова е албанска територија во која господари се Албанците, а ние сме измеќарите. И во право е, тоа е така, благодарение на „зајковизмот“ и неми петлиња како Максо мали зајко, градоначалник на Куманово, на чија територија е направена таа дивоградба. Претходно беа направени и други во таа општина, а тој не успеа да постави ниту споменик на Бранителите од „Диво Насеље“. Реалноста е дека Македонија стана косовска провинција, а ние живееме под отворено албанско ропство, вели за „Локално“ првиот човек на Македонски концепт Петар Богојески во врска отворањето на комплекс на УЧК од страна на ДУИ и Али Ахмети, во кој можеме да видиме карти на Голема Албанија.
Според Богојески, „учките ја изгубија војната во 2001 година и го свиткаа опавчето од намерата да создаваат голема Албанија, прифатија амнестија и ги инфицираа институциите со криминал и корупција“.
-Тие се уништувачи на државноста, а не државотворци. Поголем проблем од вербалните изјави е мапата на голема Албанија, поставена во официјален музеј, изграден со пари на овој народ. Барам одговор од Димитар Ковачевски – Таче, дали со овој чин, Македонија официјално објави територијални претензии кон Грција, Србија, Црна Гора и има намера да отстапи половина од својата територија на Албанија, онака како што стои на официјалната карта? Ахмети е газда на Владата, таму имаше десетици највисоки владини претставници, па од тука и пораката за територијални претензии кон соседите, во име на македонската Влада, истакнува тој.
Колку според него ова е реакција на официјалното опозициско обединување, на кое бевме сведоци изминатиот викенд измеѓу БЕСА, АА и Демократско движење, Богојески смета нема разлика помеѓу етничките партии по овие прашања.
-Дали е ДУИ или БЕСА или меса или огнени, се е исто. Исто поведение, продавање на гол етнички шовинизам, со кој се загрозуваат интересите на САД и ЕУ на Балкан. Не гледам ниту една од тие партии да има граѓански и демократски капацитет за развој на граѓанска Македонија со граѓански Устав, интегрирана во ЕУ и НАТО, порача лидерот на Македонски концепт.
За тоа дали има почва за „обработување“ кај албанскиот електорат во однос на ширење на национализам и нетрпеливост или ова се последните обиди на Ахмети и ДУИ да ја задржат власта, Петар Богојески е на мислење дека не само што има простор, туку „албанскиот етнички шовинизам е доминантна карактеристика на таа етничка заедница во Македонија“.
-Точно е дека албанскиот јазик и знаме се користат спротивно на законите во земјава, но тоа го овозможија сдс измеќарите и нивните сателити во опозицијата. Во случај на добивање на сила на Македонски Концепт и наметнување на нов, современ и европски граѓански Устав, сето тоа ќе стане минато, а Али Ахмети длабоко лошо сеќавање, додава тој за „Локално“.
В.З.