Бојадисување на велигденски јајца со пена за бричење

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Бојадисувањето јајца за Велигден треба да е забавно. А, забавно е кога ги правиме работите на неконвенционален начин! Што ќе кажете за бојадисување на велигденски јајца со помош на крем за бричење и боја за храна?
Ова е еден многу интересен метод, кој освен тоа што е ефектен е и лесен .

Што ви треба:
јајца
Крем / пена за бричење
Кондиторска боја за храна во различни бои
Тави за печење
Ракавици
Хартија за печење

Подготовка:
Започнете со нанесување на пената за бричење врз однапред послан лист хартија за печење во садот. Распространете ја рамномерно. На неа веќе измешајте по неколку капки од различни бои кондиторски бои. Промешајте со лажица за да се добие ефектот на закривување.
Тркалајте го секое јајце во добиената спектакуларна мешавина. Велигденските јајца ќе личат на големи галаксии!

Слики и идеја: Pinterest / craftymorning.com