Бојмацалиев: Истрагата проширена кон уште двајца колеги во врска со нападот на вработен во МВР

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев одговарајќи на новинарско прашање во врска со нови моменти во истрагата поврзана со поранешниот висок полициски функционер кој нападна свој колега додека извршувал службени дејствија, истакна:

„За инцидентот кој се случи неделата наутро, веќе е поднесена кривична пријава против едно лице кое спречило колега да извршува службени дејствија. Утринава сум информиран дека истрагата се проширува кон уште двајца колеги“.

Слични содржини