Боки 13 го користел СЈО за рекет, зел 1,5 милиони евра

од desk4
116 прегледи

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка и бара притвор за Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и за Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, пренесе „360 Степени“.

Јовановски се сомничи за кривичните дела примање награда за противзаконито влијание и за перење пари , додека Милевски само за противзаконито влијание. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител.

„Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018-та, до април 2019-та, првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел во истрага да се олесни постапката на едно осомничено лице, а второто лице континуирано договарало средби. На средбите, тие ги увериле сведоците дека првоосомничениот има влијание врз обвинителот и барале 1.500.000 евра за да го искористи тоа влијание. Тие пари, во два наврати им се исплатени. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците и на првоосомничениот. Биле побарани вкупно 8.000.000 евра за да се запре предистражната постапка, а доколку таа не биде запрена, за делото да има олеснителни околности, тогаш тој требало да им исплати 5.000.000 евра, во кои влегувале и претходно дадените пари. Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат суксесивно на четири рати“, изјави обвинителката Вилма Русковска.

На првиот осомничен му се става на товар и делото перење на пари, затоа што претходно примените парични средства ги пуштил во оптек како легални стекнати пари и со нив плаќал одмор и купувал гардероба иако сето тоа ги надминува неговите приходи.

Слични содржини