Во судот предмалку пристигна известување од Клиниката за гастро во кое се вели дека нема елементи првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски да не присуствува на судското рочиште.
Во резултатите се наведува дека кај Боки 13 нема малигни и атипични промени, па судијката Васка Николовска Масевска истакна дека судењето нема причина да не продолжи.
Јовановски потоа се обрати кон судот и изјави дека „известувањето е фалсификат“ и дека со ова известување од Клиниката за гастро се врши мнипулација со јавноста.
– Судијке ако сакате и обесете ме, изјави првообвинетиот.
Рочиштето продолжи со доказната постапка.
И.Р.
Фото: Борче Поповски