Боки утре ќе биде сослушан за „Рекет“ – Јанева се уште не решила дали ќе даде исказ кај Рускоска

од Vladimir Zorba
300 прегледи

Утре Вилма Рускоска ќе ја слушне верзијата на Боки 13 за случајот „Рекет“. Истрагата е завршена, а првоосомничениот за аферата со изнуда на пари, по речиси три месеци во притвор, за првпат ќе зборува во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Досега Рускоска собра искази на сведоци и на лица кои можат да дадат информации за случајот, но нема исказ од тројцата осомничени – Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева.

На Боки 13 му истекува и рокот од 15 дена, кој му овозможува увид во доказите на Рускоска, како и можноста да предложи свои докази. Јовановски минатата недела лично во Апелациониот суд побара да биде пуштен од Шутка. Побара поблага мерка – затворската ќелија да ја замени со болнички кревет, поради сериозно нарушена здравствена состојба. Дополнително како олеснителна околност ја посочи завршената истрага за „Рекет“. Сепак, апелациските судии стравуваа дека Боки може да избега и ја одбија неговата жалба.
Јанева се уште не се решила дали ќе даде исказ пред Русковска. Нејзините адвокати велат дека утре ќе се сретнат со екс специјалната обвинителка во затворот во Шутка, каде таа ќе треба да ги извести како понатаму да делуваат. Таа е се уште во притвор но во исчекување на одлуката на Скопскиот апелационен суд. Тој ќе треба да ја разгледа нејзината жалба поради тоа што кривичен не и ја прифати гаранцијата.

Слични содржини