Спринтерот од Јамајка Усаин Болт е уверен дека неговите резултати веќе го прават голем спортист од рангот на Мохамед Али и Пеле. Атлетичар утринава го освои осмиот златен медал на Олимписките игри, победувајќи во спринтот на 200 метри.

Болт исто така е единствениот спортист со три победи на олимпијади во трките на 100 и 200 метри. “Немам што повеќе да докажувам. Што уште можам да направам за да докажам на светот дека сум голем? Се обидувам да станам еден од големите спортисти, да стојам во една редица со Мохамед Али и Пеле. Се надевам дека по овие Игри ќе бидам таму “, рече Болт. Тој ќе земе учество и во штафетата на 4х100 метри, во која исто така има злато од Пекинг 2008 и Лондон 2012. /