Јамајканецот Усеин Болт се пласираше во финалето на трката на 100 метри на Светското првенство во Лондон.

Светскиот рекордер во третата полуфинална трка освои второ место (9.98) со една стотинка заостаток зад Американецот Кристијан Колман, а ова воедно беше и најбрзата полуфинална трка.
Од првата група се пласираа Јужноафриканецот Акани Симбине (10.05) и Американецот Џастин Гетлин (10.09), а од втората Јамајканецот Јохан Блејк (10.04) и Британецот Риси Прескорд (10.05).
По резултат во финалето се пласираа и Французинот Џими Вико (10.09) и Кинезот Бингтаин Су (10.10).
Финалната трка е вечерва во 22.45 часот.