„Бомба“ од Париз: Мбапе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата

од Nikola Popovski

Килијан Мбапе доаѓа во Реал Мадрид, објави вечерва француски „Le Parisien“.

Сагата за трансферот на Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид трае многу долго. Секој преоден рок, без разлика дали е летен или зимски, во медиумите се појавуваат многу шпекулации, гласини и разни вести за неговата иднина. Така беше и во овој преоден рок, а денеска француски „Le Parisien“ објави дека Мбапе одлучил да замине во Мадрид.

„Le Parisien“ пишува дека веќе нема сомнежи дека Мбапе решил да ја напушти француската Лига 1 на крајот на сезоната и ќе му се приклучи на Реал кој долго го чекаше.

Мбапе, да потсетиме, потпиша продолжување на договорот до летото 2024 година, со можност за продолжување на уште една година, летото пред минатото. Но, после тоа, минатото лето тој одби да потпише продолжување до 2025 година, што значи дека во летото 2024 година би бил слободен играч и ќе може бесплатно да се пресели во друг клуб.

Со заминувањето во Реал Мбапе ќе го исполни својот детски сон, а Мадрид ќе го пречека со раширени раце иако ги изигра во 2022 година кога реши да остане во ПСЖ.

Оваа сезона Мбапе настапи на 28 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, постигна 29 гола и седум пати асистираше.

Слични содржини